funti

20.01.2025 Скопје

Повеќе од 10.000 милионери ја напуштиле Велика Британија во последната година, велат аналитичарите.

Даноците, зголемената доминација на САД и Азија во глобалниот високотехнолошки сектор, падот на важноста на Лондонската берза и влошувањето на здравствениот систем се некои од потенцијалните двигатели на егзодусот, покажуваат податоците на глобална аналитичка компанија New World Wealth (NWW).

Велика Британија изгубила 10.800 милионери во текот на штотуку завршената 2024 година, додека бројката една година претходно – во 2023 година овој показател изнесуваше 4.200. Само Кина изгубила повеќе богати жители во истиот период.

NWW објави дека Британија изгубила 16.500 милионери поради миграцијата во периодот од 2017 до 2023 година, помогната од Брегзит и пандемијата.

Од 1950-те до раните 2000-ти, Обединетото Кралство, а особено Лондон, беа една од главните дестинации во светот за мигрирање милионери. Беше исклучително популарен меѓу богатите семејства од континентална Европа, Африка, Азија и Блискиот исток, вели директорот за истражување на NWW, Ендрју Амоилс.

Париз, Дубаи, Амстердам, Монако, Женева, Сиднеј и Сингапур, се чини, дека се меѓу најдобрите дестинации за овие милионери кои решиле да го напуштат Обединетото Кралство, а Флорида, Алгарве, Малта и италијанската ривиера се привлечни како места за минување на пензионерските денови.

Подготвено од М.Д.

About Author