pari-denari-plata-696x443

17.01.2025 Скопје

По барањето на Сојузот на синдикати на РС Македонија да се зголеми минималната плата, Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да изнесува 500 евра, но придонесите да останат на нивото на сегашната минимална плата.

Овој став на Комората денеска го потврди и нејзиниот претседател, Менди Ќира, кој смета дека тоа е единствен начин да се реши минималецот на подолг период.

Да, ние стоиме на тој став минималната плата да биде 31.500 (денари) и придонесите да останат исти и мислиме дека тоа е единствена солуција и начин да се реши минималната плата за подолги години, изјави Ќира, одговарајќи на новинарско прашање пред состанокот што Стопанската комора на северозападна Македонија попладнево го организира со претставници на Владата.

Подготвено од М.Д.

About Author