trening-1

21.01.2025 Скопје

Ракометната репрезентација на РС Македонија се покажа во одлично светло во првата фаза од Светското првенство, но првите три натпревари се минато, Кире Лазаров и неговите избраници фокусот го ставаат на она што е пред нив.

Работната задача на македонските ракометари беше „Австрија“, се анализираше и се тренираше за денешниот дуел против таа селекција, нашиот прв противник во втората фаза.

Денешниот тренинг беше одработен во позитивна атмосфера, Лазаров ги има сите ракометари во строј.

Натпреварот против Австрија на програмата е денес (вторник) со почеток од 15:30 часот.

Подготвено од М.Д.

About Author