Kuzmanovski2

22.01.2025 Скопје

Македонската репрезентација одигра нерешено, 29:29 со репрезентацијата на Австрија во првиот натпревар од главната рунда на Светското ракометно првенство.

Иако РС Македонија имаше предност неколку пати и во првиот и во вториот дел, сепак репрезентацијата на Австрија ја имаше предноста 14:13 на полувреме, но и имаа предност на 5 секунди до крајот.

Последниот напад, во четири секунди, за РС Македонија го искористи Филип Кузмановски, кој со одличен шут од далечина го изедначи резултатот и ги постави конечните 29:29.

Играч на натпреварот беше прогласен Лукас Хутечек од Австрија, кој постигна шест голови. Најмногу голови за РС Македонија постигна Пешевски, пет.

Со овој резултат, РС Македонија има два поени на табелата во главната рунда и престојат натпреварите против Катар и Франција.

Подготвено од М.Д.

About Author