https://www.flickr.com/photos/followingcaminho/6537012121/in/photolist-aXDTXx-4RjihV-7d4CE9-7EMb6C-JBpj8S-v7oeeC-nUGZuM-6Fa6DJ-GGJeJB-7tEfQN-P4guHc-26aokuF-nwUz9W-5in3rW-SJmbN2-ACbQDC-2mVLKy7-2mgYvaa-jb8F3h-aWcj5t-qkRcuU-JHFj5V-2ngAAx4-CcfHAC-2iEAzGb-3bG3XR-7wPKJv-tEjWNi-2NJdRN-VKLbjH-9JRGpR-2mHZJ69-5Km3Jd-J6oegs-2mP5Tap-tYpuy-NMqss6-4N3BPs-2hjKh5T-siAhdY-7BmpWb-6sXiPo-24EA46Q-H6ivVh-2kQSmh2-YBdH1-9qH375-5CM9Zq-yr3KN-26aoK8T

13.01.2025 Скопје

Иако 59 проценти од Македонците имаат платежни картички, а 43 отсто од нив ги користат, сепак плаќањето во готовина останува доминантно при онлајн нарачките. Според анкетата, која ја спроведе Асоцијацијата за е-трговија, 72,5 проценти од е-трговците во РС Македонија истакнале дека готовината при достава е доминантен метод на плаќање за нивните клиенти, а 82,5% одговориле дека токму клиентите ја претпочитаат оваа опција.

Според новите податоци за платежната статистика за трите квартали од 2024 година, објавени од Народната банка на Република Северна Македонија, продолжува трендот на зголемена употреба на дигитални канали за плаќање. Сепак, готовината сè уште доминира во онлајн нарачките, при што 47% од македонските онлајн купувачи се одлучуваат за плаќање во готово, според последните податоци на Findex.

Вредноста на трансакциите преку картички забележала годишен раст од 11,3% по број и 13,6% по вредност, додека плаќањето преку е-трговија пораснало за 7,5%. Сепак, плаќањето со готовина при доставата (Cash on Delivery – CoD) продолжува да биде најчест избор на македонските потрошувачи. Според анализа на Асоцијацијата за е-трговија, 72,5% од е-трговците велат дека готовината при достава е доминантен метод на плаќање, а 82,5% од купувачите ја претпочитаат оваа опција

Иако во земји како Австрија и Данска готовината е речиси целосно исфрлена од употреба, во регионот на Западен Балкан, вклучувајќи ја РС Македонија, готовината се уште игра значајна улога. Промената во оваа тенденција ќе бара инвестиции во дигиталната писменост, намалување на трансакциските трошоци и зголемување на довербата во дигиталните плаќања.

Па така, ако се направи анализа на е-трговијата во другите земји од Западен Балкан, може да се забележи дека слична е состојбата како кај нас со плаќањето во готовина. Така, во Косово изнесува 85%, во Албанија 75% и во Србија 71%. Полоша е состојбата во Албанија, каде што само 8% од популацијата ги користи платежните картички, како и во Косово (21%) и Босна и Херцеговина (23%). Во Србија состојбата е најдобра со 62% иматели на платежни картички и 47% нивно користење. За споредба, во земји како Австрија и Данска готовината речиси и да не се користат.

Исто така, користењето на мобилните телефони за плаќање е на ниско ниво. И покрај тоа што регионот е технолошки добро опремен – мобилната пенетрација е висока, со 95% од жителите во РС Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина кои поседуваат мобилен телефон, употребата на мобилни телефони за финансиски трансакции останува ниска – во РС Македонија само 36% од корисниците на финансиски услуги ги користат мобилните уреди за плаќања.

Подготвено од М.Д.

About Author