23.01.2025 Скопје
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои првиот законски предлог на претседателот Доналд Трамп, кој бара апсење на илегални имигранти обвинети за кражби и насилни злосторства.
Законот е усвоен со 263 гласа „за“ и 156 „против“, со поддршка на 46 демократи и 217 републиканци.
Тој предлог, именуван по Лејкен Рајли, девојката од Џорџија која минатата година беше убиена од илегален имигрант од Венецуела, сега мора да биде потпишан од Трамп пред да стапи на сила.
Подготвено од М.Д.