20250113171306

14.01.2025 Скопје

Хрватска избра претседател. Зоран Милановиќ доби уште еден мандат.  Ова им даде можност на српските медиуми да истражат за неговата финансиска состојба, колку заработува и да ги споредат неговите примања со оние на претседателите од регионот.

РС Македонија и на оваа листа е на дното.  Најниска плата има македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, околу 1.500 евра, а највисока плата прима претседателот на Албанија, Бајрам Бегај – 3.860 евра. Српскиот претседател Александар Вучиќ има плата од околу 1.800 евра месечно, а бугарскиот Румен Радев зема плата од 3.000 евра.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ има плата од 2.420 евра. Милановиќ зема плата од 3587,79 евра. Членовите на претседателството на Босна и Херцеговина(БиХ), Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ примаат плата од 2.920 евра, според податоците од октомври 2023 година.  Словенечката претседателка Наташа Мусар зема плата од 3.322 евра.

Подготвено од М.Д.

About Author