29.01.2025 Скопје
Оние кои избегнуваат чај од филтер-кесички можеби се во право, бидејќи научниците од Шпанија пронајдоа траги од микропластика што влегуваат во човечките клетки откако ќе ги натопат кесичките со чај во вода.
Истражувањето на тимот од Автономниот универзитет во Барселона (UAB), Универзитетот Сохаг во Египет и Центарот за истражување на животната средина Хелмхолц, објавено во списанието Chemosphere, покажа дека комерцијалните кесички чај на база на полимери можат „при натопувањето да ослободат милиони нанопластика и микропластика“.
Тимот вели дека нивната студија покажала дека огромен број честички на крајот ги апсорбираат цревните клетки, од каде преминуваат во крвотокот а потоа низ човечкото тело.
„Експериментите кои се фокусираа на биолошките интеракции покажаа дека цревните клетки кои произведуваат слуз имале највисоко навлегување на микро и нанопластика, со честички кои дури влегуваат во клеточното јадро, кое содржи генетски материјал“, објаснуваат истражувачите, нагласувајќи ја очигледната sклучна улога што ја игра во цревната слуз при носењето на пластиката подлабоко во човечкото тело.
„Потенцијалните здравствени импликации на еколошките микро/нанопластики (MNPLs) се сè позагрижувачки“, наведува тимот во студијата, повикувајќи на „натамошни истражувања за ефектите што хроничната изложеност може да ги има врз здравјето на луѓето“.
Истражување коешто беше објавено минатата година покажа дека честичкитe пластика можат да навлезат во мозокот и тестисите, да се пренесат од бремена мајка на нејзиното неродено дете и да ја спречат ефективноста на антибиотиците.
Подготвено од М.Д.