15.01.2025 Скопје
Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Софија покрена обвинение против четири лица во врска со случајот за измама од 94,5 милиони евра со бугарската железница.
Средствата беа наменети за проектирање и изградба на сигнален и телекомуникациски систем на железничката делница Пловдив-Бургас, како дел од проектот финансиран од Европската унија (ЕУ).
Обвинението опфаќа конзорциум од четири компании, а меѓу обвинетите има двајца управители на италијанска компанија и управител на бугарска компанија, како и поранешниот директор на Националната компанија за железничка инфраструктура (НКРИ).
На тројца од обвинетите им е одредена гаранција од 50.000 евра, додека на четвртообвинетиот 5.000 евра. На бугарскиот менаџер му е изречена и забрана за напуштање на државата.
Според ЕPПО, компаниите вклучени во конзорциумот доставиле лажни информации до НРИЦ за да обезбедат договор за јавна набавка и средства од ЕУ. ЕPPО, независно тело формирано за заштита на финансиските интереси на ЕУ, игра клучна улога во истрагата и гонењето на кривичните дела кои вклучуваат злоупотреба на фондовите на ЕУ, според веб-страницата Новините.
Подготвено од М.Д.