31.01.2025 Скопје
Италијанската управа за заштита на податоци (ГПДП) денеска покрена истрага против кинескиот стартап за вештачка интелигенција DeepSeek, забранувајќи и да ги обработува податоците на италијанските корисници.
Регулаторот рече дека ја донел оваа одлука бидејќи добил „целосно несоодветни“ одговори од компанијата на нејзините прашања за употребата на лични податоци.
Администрацијата во вторникот објави дека ја прашале компанијата како се собираат личните податоци, од кои извори, за каква цел и каде се чуваат. Одговорот бил дека овие компании немаат дејност во Италија и дека за нив не важат европските закони.
Незадоволни од овој одговор, Управата денеска им нареди на кинеските компании кои обезбедуваат услуги на четботот DeepSeek веднаш да престанат да ги обработуваат податоците на италијанските корисници.
Италијански надзорник го казни OpenAI со 15 милиони евра во декември за користење лични податоци во неговиот популарен чет-бот ChatGPT, но американската технолошка компанија рече дека ќе поднесе жалба.
Истрагата започна во март 2023 година кога Администрацијата привремено го блокираше ChatGPT за да ја заштити доверливоста на податоците, со што Италија стана првата западна земја што презеде таква мерка.
Подготвено од М.Д.