protest na lekari portugalija

18.01.2025 Скопје

Италија има најголем процент на постари лекари од сите земји на ЕУ, со просечна возраст од 65 или повеќе години, а нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7%, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат.

На второ место е Унгарија со 22,4% постари лекари, а трета е Естонија со 22,3%.

Германија има најголем процент на лекари на возраст меѓу 55 и 64 години (36,1%), потоа Бугарија со 33,9% и Латвија со 27,4%.

Највисок процент на млади лекари има Малта со 46%, потоа Романија (34,6%) и Холандија (29,7%).

На европско ниво процентот на лекари на возраст од 55 години или повеќе е 40%, соопшти Евростат.

Подготвено од М.Д.

About Author