21.01.2025 Скопје
Доналд Трамп се врати во Белата куќа, откако официјално стана 47-ми претседател на САД.
Кој ја финансира прославата?
Инаугуративниот комитет на Трамп собра повеќе од 170 милиони долари, надминувајќи ги рекордите поставени од претходните претседатели. Меѓу најголемите донатори се технолошките компании како Google и Tesla, како и фармацевтскиот гигант Pfizer. Вкупно, најголемите донатори дадоа по повеќе од милион долари.
Маск потроши 250 милиони долари за да му помогне
Трамп ја има поддршката и од најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој потроши повеќе од 250 милиони долари за да му помогне да биде избран. На инаугурацијата беа и други милијардери технолошки лидери кои ја сакаат наклонетоста на новата администрација, како Џеф Безос од Амазон, Марк Цукерберг од Мета, Сундар Пичаи од Alphabet и Тим Кук од Apple.
Климатска политика
Укинување на климатските мерки на Бајден – Трамп најавува укинување на клучните климатски политики на администрацијата на Бајден, вклучително и поттикнување зелена енергија и регулирање на загадувањето. Планира да го зголеми производството на фосилни горива, да ги елиминира проектите на ветерните паркови и да ги намали субвенциите за електрични возила.
Повлекување од Парискиот климатски договор – Како и за време на неговиот прв мандат, Трамп планира повторно да ги повлече САД од овој договор, кој Бајден го обнови во 2021 година.
застапувањето на Доналд Трамп
продолжување на даночните олеснувања за физички лица и бизниси воведени во 2017 година
дополнително намалување на даноците на претпријатијата од 21 отсто на 20 отсто и на 15 отсто за компаниите што произведуваат во САД
стимулирање на производството на традиционални извори на енергија со цел намалување на цените
елиминирање на даноците за бакшиш, прекувремена работа, социјални бенефиции
дерегулација што значи олеснување на компаниите, банките, зголемување на активностите за спојување и здружување итн. универзални тарифи од 10%, 60% тарифи насочени кон Кина
Смета дека е неправедно да се простуваат студентски кредити на оние кои веќе ги вратиле, а тоа би паднало на рамениците на даночните обврзници.
Подготвено од М.Д.