29.01.2025 Скопје
Репрезентацијата на Хрватска избори полуфинале на Светското ракометно првенство, откако вчеравечер во Загреб ја совлада Унгарија со 31:30.
Унгарците не успеаја да се радуваат на крајот и покрај водството со четири голови (29:25) на пет минути пред крајот.
Главаш со шест и Шипиќ со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот состав. Кај Унгарците, воедно и на натпреварот најефикасен беше Илиќ осум гола.
Хрватска по седми пат се пласира помеѓу четирите најдобри репрезентациите на светот.
Подготвено од М.Д.