Image by wirestock on Freepik

30.01.2025 Скопје

Хрватската држава го усложни пристигнувањето на работниците од Бангладеш, затоа што го изигрувале системот.

Хрватска веќе го суспендираше или го отежна, но и се закани со прекин на издавањето визи и работни дозволи за жителите на Бангладеш, откако е утврдено дека лани се издадени 12.400 визи и работни дозволи , а од нив 8.000 воопшто не биле издадени во Хрватска, пишува загрепски Вечерњи лист. Од 4.400 работници кои пристигнале во Хрватска во 2024 година, во моментов во земјата работат само 50 отсто.

Прекршувања на одредбите од Законот за странци и злоупотребата на дозволите за престој и визи се забележани кај граѓани од Индија, Непал, Филипини и Египет, но предничат оние од Бангладеш, кои во моментов во Хрватска ги има меѓу седум и осум илјади.

Странските работници ги злоупотребуваат визите и работните дозволи што ги добиваат легално со тоа што воопшто не доаѓаат во Хрватска, каде на крајот им пристигнува багажот, а оние со виза одат во друга шенген земја.

Подготвено од М.Д.

About Author