31.01.2025 Скопје
Германската економија се намали повеќе од очекуваното во четвртиот квартал од 2024 година. Бруто домашниот производ се намали за 0,2 отсто во споредба со претходниот квартал, според првичната проценка на Федералниот завод за статистика.
Во 2023 година, БДП се намали за 0,3 проценти. Последен пат кога германската економија не успеа да порасне две години по ред беше во 2002 и 2003 година.
Министерот за економија Роберт Хабек (Зелените), кој го претстави годишниот економски извештај во средата, очекува само мини-плус од 0,3 отсто за 2025 година. Минатата есен, владата сè уште очекуваше 1,1 отсто.
Во другите големи држави во Европската Унија(ЕУ), сепак, ситуацијата е подобра. Франција минатата година имала раст од 1,1 отсто, а Шпанија забележала раст од 3,2 отсто.
Подготвено од М.Д.