20250112201528

14.01.2025 Скопје

Од вечерва до утре вечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците во Белгија поради плановите за реформа на пензискиот систем, објавија белгиските медиуми.

Генералниот штрајк го свикаа синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, националната затворска служба и други сектори, поради пензиските реформи кои најверојатно ќе ги спроведе идната влада.

Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот превоз во Брисел значително ќе биде намален.

Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.

Подготвено од М.Д.

About Author