22.01.2025 Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот предупреди на ризикот од „глобална трка кон дното“ преку употреба на економски алатки како што се санкции, извозни контроли и царини.
Говорејќи на годишниот состанок на Светскиот економски форум (WEF) ден по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Фон дер Лајен зборуваше за „нова ера“ на жестока геостратешка конкуренција.
„Како што оваа конкуренција се интензивира, веројатно ќе продолжиме да гледаме честа употреба на економски алатки, како што се санкции, извозни контроли и царини, кои имаат цел да ја заштитат економската и националната безбедност“, рече Фон дер Лајен.
Но таа рече дека „иновативноста не смее да се задуши“. „Во тој дух, ќе треба да работиме заедно за да избегнеме глобална трка до дното“, додаде шефицата на Европската комисија.
„Затоа што не е во ничиј интерес да ги прекине врските во глобалната економија. Наместо тоа, ние мора да ги модернизираме правилата за да ја одржиме нашата способност да создаваме заеднички придобивки за нашите граѓани“, рече Фон дер Лајен.
Нејзината изјава дојде во периодот на невиден санкции на ЕУ против Русија поради војната во Украина украинската војна и запирање на увозот на евтините руски енергенси благодарејќи на кои главните европски земји бележаа економски раст, како и економските тензии на Брисел со Кина. Исто така, ден претходно новиот американски претседател Доналд Трамп рече дека сака да го промени трговскиот дефицит на САД со Европската унија, или преку царини или преку поголем извоз на енергија.
Подготвено од М.Д.