24.01.2025 Скопје
Финците се најзадоволни од својот живот меѓу жителите на Европската Унија(ЕУ). Зад Финска следат Белгија, Австрија, Романија и Словенија.
Просечната оценка за задоволство од животот во ЕУ во 2023 година беше 7,3 на скала од нула до 10, а највисоката оценка е во Финска од 7,8, објави денеска Евростат.
Бугарија има најниска оценка од 5,9, а Летонија и Грција се нешто подобри со оценки од 6,9.
Евростат забележува дека на задоволството од животот може да влијаат многу фактори, како што се возраста, степенот на образование, семејството и финансиската состојба.
На многу рангирања за среќа, жителите на скандинавските земји котираа високо.
Подготвено од М.Д.