10.01.2025 Скопје
Екипата на Ферари го има најдобриот возачки тандем за претстојната сезона во Формула 1, според фановите кои учествувале во анкетата спроведена од најбрзиот циркус на денешницата.
Дури 56 отсто од нив сметаат дека Луис Хамилтон и Шарл Леклер се најдобрата комбинација во најбрзиот караван за наредната сезона. Второто место на оваа листа го зазеде тандемот на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри со 29 отсто од гласовите.
На третата позиција се актуелниот шампион Макс Верстапен и неговиот нов тимски колега од Ред Бул, Лиам Лосон, кои добија шест отсто од гласовите. Веднаш зад нив е дуото на Вилијамс, Александер Албон и Карлос Саинц. Членовите на преостанатите шест тима имаа помалку од еден процент од гласовите.
Подготвено од М.Д.