struja-1024x636

23.01.2025 Скопје

Рекордни 47% од електричната енергија во Европската унија сега се произведуваат од сончева енергија и други обновливи извори. Тоа е уште еден знак за проширувањето на јазот помеѓу потрагата за чистa енергија и настојувањето на новата американска администрација за повеќе фосили горива.

Речиси три четвртини од електричната енергија во ЕУ не испуштa гасови во воздухот, што ја загрева планетата, а уште 24% од електричната енергија се произведува од нуклеарната енергија, се вели во последниот извештај. Ова е многу повеќе отколку во земји како САД и Кина, каде што речиси две третини од енергијата сè уште се произведува од загадувачите на животната средина, односно фосилни горива како јаглен, нафта и гас.

Експертите велат дека се охрабрени од падот на употребата на фосилните горива во Европа, особено кога се чини дека САД ќе ги зголемат своите емисии откако нивниот нов претседател вети пониски цени на бензинот.

„Фосилните горива го губат своето влијание врз енергијата на ЕУ“, рече Крис Рослоу, експерт за енергија. Во 2024 година 11% од електричната енергија во ЕУ ќе се генерира од сончева енергија. Чистата енергија од ветерници се произведува повеќе од таа на гас втора година по ред.

Подготвено од М.Д.

About Author