31.01.2025 Скопје
Европските претставници ја разгледуваат можноста за продолжување на купувањето руски гас во контекст на потенцијалното решение на војната во Украина.
Како што се наведува, приврзаниците на идејата за купување руски гас тврдат дека тоа ќе ги намали високите цени на енергенсите во Европа, ќе ја охрабри Москва да седне на преговарачка маса и ќе им даде причина на двете страни да го спроведат и одржат прекинот на огнот.
Идејата ја поддржаа некои претставници во Германија и Унгарија, со поддршка од други престолнини, кои ја гледаат како начин за намалување на трошоците за енергија во Европа, изјавија тројца еу претставници.
Но, во исто време, дури и прелиминарен разговор за идејата за обновување на испораката на руски гас во Европа, би предизвикала остра реакција кај најблиските сојузници на Украина во ЕУ.
Подготвено од М.Д.