kreditni kartichki

03.01.2025 Скопје

Навиките на граѓаните значително се менуваат, со сè поголема употреба на електронските платежни средства, покажуваат податоците на Народната банка од платежната статистика за третиот квартал минатата година. Особено е забележан раст на трансакциите преку мобилни решенија и во е-трговијата.

„Трансакциите со картички, издадени од домашните даватели на платежни услуги, пораснале за 10,2 отсто по број и за 13,6 отсто по вредност,“ истакнува Народната банка. Најголем удел во растот има зголемувањето од 29,2 отсто на бројот на плаќања во е-трговијата, како и растот од 8,8 отсто на плаќањата преку ПОС-терминалите.

Овие трендови укажуваат на зголемена доверба на граѓаните во дигиталните платежни системи, како и на растечката дигитализација на економијата во земјата. Народната банка очекува овие позитивни трендови да продолжат и во наредниот период.

Подготвено од М.Д.

About Author