25.01.2025 Скопје
Кинескиот производител на батерии Svolt го претстави новиот пакет батерии за електрични автомобили, кој може да се наполни за само 8,5 минути.
Технологијата зад полнењето се нарекува 6C и ветува значително намалување на времето на полнење на електричните автомобили.
Svolt, подружница на кинескиот производител на автомобили Great Wall Motor, е специјализирана за развој на технологија за батерии од 2018 година. Новата кинеска батерија е базирана на т.н. ќелии со кратки сечила од трета генерација, кои се во облик на полумесечина.
Батеријата 6C може да се наполни од 10 до 80 проценти за 8,5 минути, што е значително подобрување во однос на претходните технологии.
Батеријата користи катоди од технологијата LFP, а Кинезите веруваат дека на овој начин можат да ја намалат цената на самата батерија и да ја зголемат нејзината отпорност на температурни флуктуации. Новата батерија, според Svolto, има енергетска густина од 185 Wh/kg, што е најдобро за овој тип на батерија.
Подготвено од М.Д.