02.01.2025 Скопје
Во Федерацијата БиХ, од 1 јануари 2025 година минималната плата ќе изнесува 1.000 конвертибилни марки (511 евра), што претставува зголемување од 61,5 проценти во споредба со претходните 619 км (316 евра). Република Српска сè уште не ја утврди минималната плата за 2025 година, која моментално изнесува 900 км (460 евра).
Во Србија, минималната плата за следната година ќе биде 53.592 динари (околу 457 евра), што е раст од 13,6 проценти. Првпат, оваа сума ќе ја покрие минималната потрошувачка кошничка, според договорот на Социјално-економскиот совет.
Хрватска ја зголеми минималната бруто плата на 970 евра за 2025 година, што е раст од 130 евра или 15,48 проценти. Нето минималната плата ќе изнесува околу 750 евра.
Во Црна Гора, минималната плата по новите фискални закони усвоени во септември, сега се движи од 600 до 800 евра, зависно од степенот на образование. Претходната минимална плата од 450 евра е зголемена за 33 проценти.
Подготвено од М.Д.