GRENLAND 2

27.01.2025 Скопје

Доколку Данска сака да го продаде Гренланд, Велика Британија ќе има приоритет во купувањето според условите на договорот склучен пред повеќе од еден век, изјави последниот дански министер за арктичкиот остров, Том Хојем.

Хојем рече дека е малку веројатно дека Обединетото кралство ќе го искористи своето право.

Во врска со најавените амбиции на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го купат Гренланд од Данска, Хојем рече дека обврската да и се понуди на Обединетото кралство приоритет за купување е според сè уште важечкиот договор од 1917 година, кога САД првпат се обидоа да го преземат островот.

Тој изјави дека тогашниот американски претседател Вудро Вилсон се согласил дека Гренланд, најголемиот остров во светот, е дански и секогаш ќе биде.

„Ако Трамп се обиде да го купи Гренланд, прво ќе треба да го праша Лондон. „Обединетото Кралство во 1917 година бараше ако Гренланд биде продаден, тогаш Велика Британија да има право на првенство“, изјави Хојем.

Хојем беше претставник на Копенхаген во Гренланд од 1982 до 1987 година.

Подготвено од М.Д.

About Author