29.01.2025 Скопје
Трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи.
Македонски инфлуенсер, на неговиот профил на Фејсбук објави повик во петок на 31. јануари граѓаните во РС Македонија да ги бојкотираат големите маркети поради скапотијата.
Подобро би било да се избегнуваат големи ланци и оние кои ги диктираат (договараат) цените, место тоа да се купува во семејни и мали, маалски продавници на подолг рок. Ланците немаат да пропаднат од еден ден, а на малите им менува многу, цели семејства живеат од една продавница.
Организаторите и од другите социјални мрежи повикуваат граѓаните да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.
„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ се вели на социјалните мрежи.
Подготвено од М.Д.