ageler-rakomet-1

16.01.2025 Скопје

Амбасадорката на САД во РС  Македонија, Ангела Агелер, присуствуваше на првиот натпревар на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Таа го следеше драматичниот меч против Унгарија (27-27) од трибините на „Вараждин Арена“ во друштво на претседателот на Ракометната федерација на РС Македонија, Живко Мукаетов.

РС Македонија настапува во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Во воведниот дуел од групата, Холандија оствари убедлива победа над Гвинеја со 40-23.

Подготвено од М.Д.

About Author