maxresdefault (1)

06.12.2024 Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелни пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

Во соработка со Црвениот крст, спроведуваме низа активности. Се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби каде граѓаните можат да видат какви сѐ последици може да има употребата на овие средства. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби каде е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба – велат од МВР.

Оттаму потсетуваат на казните кои им се изрекуваат според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на сите кои неовластено употребуваат пиротехнички средства.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што: (1) тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од 3 до 10 години, (2) ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција, експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку 5 години затвор – наведуваат од МВР.

Подготвено од М.Д.

About Author