30.12.2024 Скопје
Здруженијата кои што се за борба на работничките права се согласни дека треба да остане на сила оваа законска регулатива. Здружението „Гласен текстилец“ изразува сомнеж во тврдењата на премиерот Xристијан Mицкоски дека 75% од граѓаните би работеле во недела за двојна дневница“.
Според претседателката Кристина Ампева, ваквите анкети се правени со вработени од јавниот сектор, а не од реалниот, каде правата на работниците често се занемаруваат.
Синдикатите во повеќе наврати кажаа дека ова законското решение не смее да се чепка и остануваат на тоа дека листата на дејности кои работат во недела да се сведе на минимум без размислување на нејзно зголемување.
Ако се прашуваме ние работниците недела треба да биде неработна за сите без исклучок, освен за полиција, армија, брза помош, сервисни дејности што мора да се достапни за граѓаните, но намлаку којшто треба да работат за нас се моловите, трговските центри или одредени работни места кој што и во минатото не работеле сметаме дека и тие луѓе ни за зголемена дневница не треба да работат во недела имајќи во предвид дека тоа е ден за одмор, ден за семејството, викенд и се знае што е работа од понеделник до петок и 40 часа работно време.
Опозициската СДСМ изразува отпор за најавите да се укине неделата како неработен ден, политика која била воведена за да се заштитат вработените. Доколку дојде до укинување тоа би било директен удар врз работниците.
И од партијата Левица со реакција за неработниот ден, во нивната објава стои дека не треба работникот да биде на дното на општеството.
Работникот не смее да биде поставен на дното на општеството и претворен во слуга на капиталот. Затоа најавуваме бескомпромисна борбa против обидот за одземање на ова круцијално работничко право. Не за богатење врз грбот на работниците! – Левица.
Најавеното укинување на недела неработен ден се очекува да биде тема и на следниот Економско социјален совет, влатите остануваат на тоа или сите да работат или пак никој.
Подготвено од М.Д.