ВО ГЕРМАНИЈА ЖИВЕАТ 157.000 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

20.12.2024 Скопје

Вкупниот број македонски државјани регистрирани како странци кои живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 156.845 лица, што е двојно повеќе отколку пред десет години кога во оваа земја имало околу 77.000 лица од РС Македонија, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика.

Ако се земе предвид дека Германија има хроничен недостиг од работници и поради тоа континуирано ги олабавува условите за вработување на странски државјани извесно е дека бројот на македонски граѓни кои ќе заминат на работа во оваа земја ќе продолжи да се зголемува.

А како ќе се одрази тоа на македонскиот пазар на труд?

Подготвено од М.Д.

About Author