Vevcani-Karneval-16-bg

21.12.2024 Скопје

Вевчанскиот карневал по 20 години, повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови.

Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, според градоначалникот Спасе Кочовски, го изгубил статусот поради неплатена чланарина.

Со посветеност и напор, минатата година ги исплативме сите обврски за членарина од изминатите 20 години и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од оваа година, Вевчани повторно е полноправна членка на Федерацијата на европски карневалски градови. После 20 години повторно е на вистинското место, истакна Кочовски.

Преку членувањето на Федерацијата на европски карневалски градови, нагласи, се врши промоција на карневалот, а со тоа и на Вевчани.

Покрај промоцијата, Вевчанскиот карневал ќе биде дел од повеќе европски карневалски манифестации. Ние како Општина сме горди што сме дел од оваа значајна мрежа и со нетрпение очекуваме нови можности за соработка, размена на искуства и зајакнување на традицијата на нашиот уникатен Вевчански карневал, подвлече Кочовски.

Вевчанскиот карневал, кој е нематеријално културно наследство, стар околу 15 века, се одржува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. По својата автентичност и уникатност се разлкиува од другите карневалски манифестации. Покрај традиционалните маски со зет, невеста, ѓаволи и глупави Августи неизостануваат маските инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување, тие ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Подготвено од М.Д.

About Author