Image by jcomp on Freepik

26.12.2024 Скопје

Руските научници ја завршуваат работата на новата, револуционерна вакцина против рак, која треба да биде пуштена во употреба следната година, изјави директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Гинкбург. Гинзбург објасни дека станува збор за терапевтска вакцина која ќе им се дава на оние на кои веќе им е дијагностициран рак.

Оваа технологија нуди значителна предност, бидејќи овозможува производство на многу висока концентрација на целниот протеин потребен за активирање на имунолошкиот систем, дури и над нивоата потребни за обука на имунолошкиот систем да прави разлика помеѓу сопствените и странските протеини, рече Гинзбург.

Тој ја истакна важноста на брзиот развој на методите за вакцинација против Ковид-19 за пробив во истражувањето на лек за рак.

Работата на новата вакцина беше процес во повеќе фази. Почнавме во средината на 2022 година кога истражувачите сфатија дека технологијата на mRNA, која е основа на многу вакцини против Ковид-19, ветува, рече Гинкбург.

Тој посочи дека новата вакцина е персонализиран производ, а ќе се креира за секој пациент поединечно, бидејќи нема два исти тумори.

Гинзбург изјави дека истражувачите ја докажале нејзината ефикасност во лекувањето на глувците, користејќи животински модел на меланом.

Тие во моментов развиваат модели за третман на други онколошки болести, вклучувајќи го и ракот на белите дробови, кој наводно е најчесто дијагностициран рак со највисока стапка на смртност.

Овој тип на рак не реагира добро на постоечките методи на онколошки третман, како што се операција, зрачење или хемотерапија.

Затоа сега создаваме таков модел, рече Гинкбург.

Говорејќи за датумот на пуштање во употреба на новата вакцина, првиот човек на „Гамалеја“ рече дека до септември 2025 година ќе се започне со работа во Институтот за онколошки истражувања „Херцен“ и Центарот за рак „Блохин“, кога ќе се применува на пациенти кои страдаат од рак.

Ќе се развијат и други модели за онколошки заболувања, вклучувајќи го и ракот на панкреасот и одредени видови на рак на бубрезите.

Во почетните фази, ефективноста на вакцината ќе се тестира на ограничена група луѓе.

Кога оваа технологија ќе биде регистрирана од Министерството за здравство, се надевам дека брзо ќе се прошири и ќе се примени во другите центри за лекување низ нашата земја, рече Гинзбург.

Во август 2020 година, рускиот институт „Гамалеја“ ја направи вакцината „Спутник V“ против Ковид-19, една од првите развиени во светот.

Подготвено од М.Д.

About Author