gas-pexels-pixabay-1-696x522

16.12.2024 Скопје

Турција би можела да стане најголемиот продавач на енергија во Европа

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпраслан Бајрактар, ​​изјави дека по падот на власта на сирискиот претседаел, Башар ал Асад, замрнатиот проект од 2009 година за изградба на гасоводот меѓу Турција и Катар преку Саудиска Арабија, Јордан и Сирија може да се продолжи.

Турција планира да создаде гасен центар на своја територија и да продава гас во свое име. Се предвидува дека Израел ќе одвои пари за овој проект, со оглед на тоа што гасоводот од Катар на пат кон Турција ќе носи гас и до Израел.

Три гасоводи: Катар-Европа, Транскаспискиот гасовод со гас од Азербејџан и Турски тек, собрани во еден центар, ќе и овозможат на Турција да ја одреди цената за Европејците.

Проектот е многу профитабилен за Турција, не само поради тоа. Ова драматично ќе го зголеми нејзиниот политички статус.

Со оглед на фактот дека ќе има многу добавувачи на гас, тоа ќе и даде на Турција значителна политичка моќ
и ќе и овозможуваат ефективно да преговара со нив.

Подготвено од М.Д.

About Author