vrabotuvanje-1024x501

04.12.2024 Скопје

Стопанската комора на РС Македонија организира саем за вработување, каде компаниите директно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување.

„Активноста се реализира во насока на амортизирање на еден од најголемите проблеми со што се соочуваат компаниите, обезбедување работна сила преку ангажирање работници од домашниот пазар на труд – со фокус на ранливите категории граѓани и од малцинските заедници“, посочуваат од Стопанската комора.

Најавено е саемот да го отворат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора и Џери Дајбл, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија.

„Недостигот на работна сила е сериозен проблем со што се соочува економијата во нашата земја, а проблемот е уште поголем, бидејќи и увозот на работната сила на работници од трети земји, не ги дава очекуваните резултати“, велат од Стопанската комора.

Подготвено од М.Д.

About Author