hakeri-sajber-napad-750x422

25.12.2024 Скопје

Невладините организации во Србија денеска поднесоа кривична пријава против полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) по извештајот на „Амнести интернешенел“ (Amnesty international) дека српските власти употребиле шпионски софтвер за следење на новинари и активисти.

АИ во извештајот од 16 декември наведува дека открила наводна илегална примена на шпионски софтвер кој „на српските власти им пружа големи можности за надзор кога ќе биде инсталиран во апаратот на лицето кое се следи“.

Во извештајот на АИ се вклучени и сведочења на новинари и активисти кои ја обвинуваат власта дека тајно инсталирала шпионски софтвер во нивните телефони додека биле во притвор или за време на испитувањето.

Српската полиција, пак, тврди дека користи само форензички средства во согласност со законите.

Активистите ги контактираа и специјализираната агенција на ОН и комесарот на Советот на Европа за човекови права.

Подготвено од М.Д.

About Author