
16.12.2024 Скопје
Голем број белградски средни училишта за денеска најавуваат пленуми, а голем број професори синоќа добиле пораки со покани да присуствуваат на тие собири на кои ќе се разговара за блокада, јавија белградските медиуми.
Ученици, нивни родители и наставници стапиле во контакт со редакцијата на медиумот и сведочеле за пораките што кружат во групите на Вибер, во кои најавуваат блокада на наставата во училиштата во знак на поддршка и солидарност со студентите.
Студентите блокираат работа на факултетите, бараат одговорност за несреќата на железничката станица во Нови Сад и казна за оние кои ги нападнаа студентите за време на оддавањето почит за жртвите од таа трагедија.
Најавени се пленуми во Петтата, Првата, Осмата, Гимназијата „Свети Сава“ и во Обреновац, а на своите врсници планираат да им се придружат и матурантите од Дванаесеттата гимназија.
Во некои белградски средни училишта во петокот беше прекината наставата каде според содржината на пораката што ја добија професорите од матурантите, блокадата продолжува и денеска.
Подготвено од М.Д.