18.12.2024 Скопје
Советот на ЕУ усвои заклучоци за проширувањето на Европската унија, во кои ја повикува РС Македонија да ги спроведе уставните измени. Тоа значи индиректно предупредување дека нема да се свика Втората меѓувладина конференција додека земјава не го исполни условот согласно Преговарачката рамка.
Министрите на земјите членки на ЕУ се повикаа на јули 2022 година и порачуваат – забрзан процес на уставни измени за старт на првиот преговарачки кластер.
„Советот го поздравува фактот што новата влада на РС.Македонија ја најави интеграцијата во ЕУ како стратешка цел. Исто така потсетуваме на заклучоците од јули 2022 година и забележуваме дека земјата сè уште не завршила со уставните измени на кои се обврза“, се вели во документот.
„Повторувајќи го повикот на Европскиот совет да се забрза финализирањето на овие промени, Советот ја потврдува својата подготвеност да ја свика следната Меѓувладина конференција веднаш штом РС.Македонија ќе ги исполни своите обврски“, се наведува во Заклучоците за проширувањето усвоени на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Унијата (ГАК).
Премиерот на Христијан Мицкоски, во пресрет на самитот „ЕУ-Западен Балкан“ во Брисел, кој ќе се одржи денес, изјави дека Владата повеќе нема да прави отстапки кон ЕУ. Неговите зборови беа одговор на новинарско прашање дали има некакво раздвижување во однос на приемот на земјата во ЕУ.
ЕУ веќе ги раздели РС Македонија и Албанија од заедничкиот пакет во преговорите. Вчера се одржа Третата меѓувладина конференција со Тирана, а со Скопје досега е одржана само една.
На денешната средба не се планирани разговори за билатерални спорови.
Подготвено од М.Д.