radmila

06.12.2024 Скопје

Радмила Шеќеринска, новоизбраната заменик генерална секретарка на НАТО, вчера го имаше своето прво јавно обраќање во новата улога, на Генералното собрание на Светската атлантска асоцијација во Брисел кое се одрржа во седиштето на НАТО.

Темата на одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на Светската АТА и 75 годишнината од формирањето на НАТО, е „Дефинирање на светските стратешки приоритети во неизвесни времиња: Улогата на нашата алијанса“.

На Собранието присуствуваа делегати од над 35 земји од целата НАТО Алијанса и пошироко, но и високи претставници на НАТО.

На одбележувањето на годишнината кое се одржува од 3 до 6 декември годинава, беше присутна и македонската делегацијата. Во делегацијата на Евро-атлантскиот аовет, предводена од претседателот, Исмет Рамадани, беа Светозар Јаневски, Арбн Абурахмани, Митко Андреевски, Тоше Коцевски, Илија Џугуманов и Кастриот Арифи.

Делегацијата ја посети и македонската мисија во НАТО, каде што оствари средба со амбасадорот Дане Талески.

Подготвено од М.Д.

About Author