26.12.2024 Скопје
Спортски портал ја претстави ажурираната ранг листа на фудбалери кои се главни претенденти за освојување на Златната топка следната година.
На врвот на листата е напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. На второ место е напаѓачот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор, а на третото е Рафиња од Барселона.
Следуваат: Џамал Мусиала (Баерн), Роберт Левандовски, Ламин Јамал (двајцата од Барселона), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Хари Кејн (Баерн), Кол Палмер (Челзи) и Флоријан Вирц (Баер).
Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, ја освои Златната топка за 2024 година. Тој го победи Винисиус во гласањето за титулата најдобар фудбалер во светот.
Подготвено од М.Д.