OHRID

06.12.2024 Скопје

Вработувањето на работоспособни пензионери кои сакаат да работат и после пензијата ќе биде од голема полза за туристичкиот сектор велат од ХОТАМ. Голем дел од нив имаат искуство за работа во угостителство кои можат да го пренесат и на помладите. Секој кој сака да работи е добредојден.

Идеата дефицитот на кадар во туристичките центри да се надоместува со ангажирање пензионери ја поддржуваат и од научната фела.

Потребата од квалитетен кадар е секогаш присутна додава Блажески. Мерката увоз на работници од странство не се покажала како комплетно решение за дефицитот. Дел од тие работници кои дојдоа избегаа но оние што останеле биле задоволни оти платите во овој сектор се значително покачени.

Инаку,оваа практика освен во подалечните европски земји е присутна и на Балканот, најблизу во Србија и Хрватска. Во Хрватска оние пензионери кои сакаат да работат тоа можат да го сторат на пола работно време, а најчесто тоа го прават докторите во пензија. Во Србија пензионерите работата на редење роба, на враќање на количките во маркетите на приемните пултови.

Подготвено од М.Д.

About Author