28.12.2024 Скопје
РС Македонија со најниска просечна плата во регионот. Месечната нето-плата во октомври оваа година изнесува 685 евра, објави Државниот завод за статистика. Споредбено со Србија истиот месец просечната плата била за 157 евра повисока од македонската.
„РС Македонија заостанува и во однос на соседните земји, каде работниците заработуваат значително повеќе. Во Босна и Херцеговина просечната плата изнесува 720 евра, во Црна Гора 944 евра, во Хрватска 1.340 евра, а во Словенија 1.514 евра“, велат податоците на Државниот завод за статистика на РС Македонија.
Сепак кај нас има зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец.
„Тоа е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7,5%), Образование (5,0%) и Градежништво (3,1%) и се резултат на зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство“, соопштија од Државниот завод за статистика
Просечната плата во РС Македонија во последните десет години пораснала за околу 94 насто. Но, и покрај двојниот раст, РС Македонија е на дното на Европа според висината на просечните плати.
Подготвено од М.Д.