soto

10.12.2024 Скопје

Бејзбол играчот на Њујорк Метс, Хуан Сото стави потпис на најбогатиот договор во историјата на спортот.

Се работи за 15-годишен договор според кој ќе заработува 51 милион по сезона или вкупно 765 милиони евра. Со бонуси договорот достигнува до 800 милиони евра.

Со овој договор тој го мина Шохеи Охтани кој оваа година потпиша деветгодишен договор со ЛА Доџерс од 700 милиони долари.

Сото не е спортист кој ќе има најголема годишна плата, но севкупниот договор му е со најголема сума досега.

Подготвено од М.Д.

About Author