Kristijano-Ronaldo-960x672

31.12.2024 Скопје

Португалија најави пуштање во оптек на монета од 7 евра во чест на Кристијано Роналдо. Ова не е првпат некои од европските земји да се решат на таков потег од воведување на еврото во 2002 година. Нумизматичарите, пак, се свесни дека постојат ретки колекционерски или пригодни монети кои вреди да се сочуваат.

Такви ретки примероци за брзо време може да добијат на вредност и по неколку илјади евра, како највредната монета од две евра од Монако со портрет на актерката Грејс Кели која наводно „тежи“ 3.000 евра.

Португалската централна банка, Банко де Португал, најави дека ќе издаде монета во ограничено издание од 25.000 примероци. Истата може да се набави само во Португалија или преку Банко де Португал. Монетата од 7 евра е посветена на бројот на дресот на Кристијано Роналдо кој е стрелец на 130 гола за португалската репрезентација и моментно е лидер на листата на стрелци на УЕФА.

Подготвено од М.Д.

About Author