oruzje-skrin-696x394

24.12.2024 Скопје

Полска воведе задолжителна обука за безбедност во училиштата, која вклучува ракување со оружје и обука за прва помош.

Со оглед на близината на војната во Украина и зголемените стравувања од заканите на Москва за полската територија, владата во Варшава одлучи да воведе такви мерки во погорните одделенија од основните и средните училишта.

Така, сега 14-годишните деца ќе научат како да пукаат за да се справат со воени ситуации и да можат да пружат помош.

На часовите учениците ќе научат и како да склопуваат и расклопуваат оружје, како и како да ја подобрат прецизноста во гаѓањето во цел.

За безбедност на учениците за време на оваа настава нема да се користи боева муниција, туку ласерски пиштоли.

Подготвено од М.Д.

About Author