verski-lideri

03.12.2024 Скопје

Поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата. Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Оливера Трајковска ја поздрави денешната средба на верските лидери и целосно ја поддржува иницијативата и потпишувањето на актот за соживот.

Во соопштението упатено по денешната средба во Скопската епархија се наведува дека треба да се продолжи со продлабочување на меѓусебната солидарност и да се запази почитта едни кон други, кон државните симобили на државата и кон симболите на сите етнички заедници во неа.

„Средбата на разнообразни култури, носи можност за благородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живееме во една заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на МПЦ Охридска Архиепископја, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко методистичката црква и Еврејската зедница ги повкуваме сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државнните симобили на нашта татковина, и кон симболите на сите етнички заедници во неа“, се наведува во соопштението.

Соопштението е потпишано од Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи, скопски бискуп и епарх струмичко г. Кирил Стојановски, супер итенден Марјан Димов и Пепо Леви од Еврејската заедница.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Оливера Трајковска ја поздрави денешната средба на верските лидери и, како што се наведува во соопштението, целосно ја поддржува иницијативата и потпишувањето на актот за соживот.

„Верските лидери биле и ќе бидат клуч на верски соживот и толеранција во РС Македонија. Аналогно на тоа, секој еден верник кој ја практицира својата вера ќе ги следи патеките на своите водачи. Верата е основниот темел во обликувањето на нашите идентитети, нашите вредности и нашите заедници“, истакнува Трајковска.

Таа, како што се наведува во соопштението, додала дека во време кога светот се соочува со глобални предизвици и кога се обидуваат да се создадат поделби и бариери, потребно е да се најде заедничка нишка на разбирање и единство, заеднички јазик кој ќе употреби зборови на почит и ќе го спознае различниот од себе.

„Секој убав збор лекува, а секој убав дијалог води кон мир. Да негуваме дијалог кој води кон личен и глобален мир“, истакнува директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи по повод средбата на верските лидери.

Подготвено од М.Д.

About Author