Wizz-Air-Maraton-Skopje-16-bg_resize

27.12.2024 Скопје

Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот.

Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон.

Првиот рок за пријавување по најповолна цена е до 10 февруари, 2025 година. Последниот рок за пријавување е до 19 септември, 2025, а сите учесници кои ќе се пријават до 29 август 2025 ќе добијат маица со логото на трката во својот стартен пакет.

Сите учесници кои ќе ја стартуваат трката на 5 октомври ќе добијат вредносен ваучер од 20 евра од генералниот спонзор на маратонот „Wizz Air“.

Подготвено од М.Д.

About Author