f1-4

11.12.2024 Скопје

Челниците на Ред бул започнаа разговори со возачот Серхио Перез за неговата иднина во Формула 1 тимот, во услови на големи шпекулации дека ќе биде сменет во 2025 година.

Во јуни, Перез го продолжи договорот со Ред бул на уште две години, но оттогаш е во лоша форма, не ги постигнува очекуваните резултати бидејќи на последните осум трки освои само девет бода, што, меѓу другото, ги чинеше тимска титула во шампионатот за конструктори.

Последната трка во шампионатот, во неделата во Абу Даби, Перес ја заврши во првиот круг, а во интервјуата по тој настап за првпат јавно кажа дека разговара со тимот за тоа што ќе се случува понатаму и дека одлуката ќе биде позната во наредните денови.

Сега заврши сезоната, па ќе седнеме со него и ќе погледнеме наназад во сезоната, што тргна наопаку и заедно ќе одредиме кој е вистинскиот и соодветен пат. Чеко му беше голем слуга на овој тим – истакна директорот на Ред бул, Кристијан Хорнер.

Подготвено од М.Д.

About Author