11.12.2024 Скопје
Двајца парализирани пациенти можеле да одат на кратки растојанија, па дури и да се симнуваат по скали, откако во нивниот мозок биле вметнати специјални електроди. Двајцата пациенти имале многу сериозни повреди на ‘рбетот, што ги направи зависни од инвалидски колички по операцијата.
Меѓутоа, во првиот таков обид хирурзите ја користеле техниката на т.н. длабока мозочна стимулација за „будење“ на нервните влакна во ‘рбетниот мозок и воспоставување контрола врз мускулите на нозете.
Волфганг Јегер (54) го скршил вратот на скијање во 2006 година, но откако му беа вградени електроди пред две години, тој интензивно работеше со физиотерапевти за да го врати движењето на екстремитетите.
„Кога сакам, можам да одам малку или да се качувам и спуштам по скалите или ако ми треба нешто од кујната, можам да станам. Технологијата е се подобра и подобра. Мислам дека нема да ни требаат инвалидски колички во иднина. Далеку е, но мислам дека нашите соништа ќе се остварат“, убеден е Јегер.
Научниците од Швајцарскиот федерален институт за технологија во Лозана користеле вештачка интелигенција за да ги мапираат сите неврони во мозокот кои им помагаат на глувците и стаорците да одат.
На нивно изненадување, беше откриено дека регионот на хипоталамусот е задолжен за возбуда и мотивација, а исто така игра улога и во одењето. По успешните тестови на глодари, швајцарскиот тим вметнал електроди во хипоталамусот на неколку пациенти.
Техниката, која веќе се користи за контрола на тремор кај пациентите со Паркинсонова болест, била спроведена додека пациентите биле целосно будни.
На овој начин, хирурзите можеле да бидат сигурни дека ја достигнале вистинската точка во мозокот и соодветната сила на стимулација.
„Штом беше поставена електродата и ја извршивме стимулацијата, првиот пациент веднаш рече „ги чувствувам нозете““. Кога ја зголемивме стимулацијата, таа рече дека има потреба да оди“, објасни професорката Џоселин Блок, која ја водеше операцијата во Универзитетската болница во Лозана.
Научниците веруваат дека мозокот треба да се опорави од парализа.
Двајца пациенти не се целосно закрепнати од повредите, но можат да одат на кратки растојанија со помош на бастун или шетач.
Тимот од Лозана се надева дека во иднина стимулацијата на ‘рбетот и мозокот ќе може да го поттикне закрепнувањето, така што пациентите ќе можат да одат подолго и побрзо.
Подготвено од М.Д.