https://www.facebook.com/photo/?fbid=657808319049849&set=a.475422037288479

04.12.2024 Скопје

Радмила Шекеринска вчера и официјално ја презеде функцијата заменик генерална секретарка на НАТО, што е значаен момент како за Република Северна Македонија, така и за алијансата во целост. Шекеринска, како што се наведува на ажурираната страница на НАТО, како поранешен вицепремиер и министер за одбрана, има искуство како креатор на политики и создавач на консензус, што ќе биде клучно за нејзината нова улога. Таа е и силен поборник за родова рамнотежа и за унапредување на трансатлантските односи.

Г-ѓа Шекеринска доаѓа на новата функција по исклучителна политичка кариера во која остави длабок траг. Беше министер за одбрана на Република Северна Македонија во два мандата (2017-2020, 2020-2022), прва жена на таа функција и со најдолг стаж од осамостојувањето на земјата во 1991 година. Во своето министерско делување, таа беше клучен фактор во подготовката на Република Северна Македонија за членство во НАТО, водеше реформски програми и ја трансформираше армјата, што беше пресудно за земјата да стане 30-та членка на алијансата во 2020 година.

Нејзиното лидерство во НАТО мисии, како што се мисиите во Авганистан, Косово и Ирак, како и активното учество на Република Северна Македонија во операциите на алијансата, ја издвоија како значаен лидер на меѓународната сцена. Со нејзиното делување, земјата постигна целосна воена интеграција во НАТО за помалку од 19 месеци. Шекеринска има и широк опсег на искуства во европските интеграции и надворешната политика, откако како вицепремиер за европска интеграција и координација на странска помош, ја водеше земјата кон нејзиниот статус на кандидат за членство во Европската унија. Таа беше и пратеник во парламента и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на РС Македонија, се вели во објавата на Алијансата.

Радмила Шекеринска е родена во Скопје на 10 јуни 1972 година и дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје. Магистрирала меѓународни односи на Флечерската школа за право и дипломатија на Универзитетот Тафтс во САД. Таа е одликувана со Орден „Командант на националниот орден за заслуги на Франција“ за исклучителни граѓански заслуги во 2018 година.

Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе продолжи да ја зајакнува својата лидерска позиција и да влијае на важни глобални политики и стратешки одлуки во рамките на Алијансата.

Во нејзината биографија е наведено и:

Зборува англиски, француски и повеќето јужнословенски јазици.

Декември 2024 – денес – Заменик генерален секретар на НАТО

2017-2022 година – министер за одбрана на Република Северна Македонија

2017-2020 – вицепремиер на Република Северна Македонија

2006-2014 – пратеник

2006-2008 – претседател на политичката партија Социјалдемократски сојуз на РС Македонија (СДУМ)

2002-2006 – Заменик претседател на Владата задолжен за европска интеграција и координација на странска помош

1998-2002 – пратеник

Подготвено од М.Д.

About Author