ageler ageler 2

10.12.2024 Скопје

САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер.

Политичкото мешање во судството не може, и нема да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на „црната листа“ на Стејт департментот.

Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може, и нема да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок – истакна амбасадорката Агелер.

Подготвено од М.Д.

About Author